Масакрот во Буча, опсадата на Мариупол, како и засилувањето на руската офанзива во источниот дел на Украина се дел од причините за песимизмот кај украинската страна
Тешко е да се каже кога ќе продолжат мировните преговори помеѓу Украина и Русија бидејќи руските напади се интензивираат.
Со ваков став излезе главниот украински преговарач, Михаило Подољак, кој вели дека сегашната пауза во преговорите ќе продолжи и понатаму поради тековната опсада на градот Мариупол и очигледната желба на Москва да ја зајакне својата офанзива во источниот дел на Украина.
Односите беа нарушени и поради масакрот тој се случи во градот Буча од каде по повлекувањето на руските сили слики од мртви тела на цивили по улиците и масовни гробници го обиколија светот.
Украинскиот преговарач ја обвинува Русија дека се откажала од каква било манифестација на хуманост и кога е во прашање воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивили од Мариупол.
Според украинските власти, само во овој град од почетокот на војната убиени се најмалку 20 000 цивили.
Последната рунда преговори помеѓу Киев и Москва се одржа на 29 март годинава.