Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска информира дека во болницата се примени две лица
Во сообраќајна несреќа која попладнево се случи во штипската на селба Сењак, во близина на трговскиот центар „Елкос“, со тешки повреди во болница е префрлено 19-годишно момче, информираат од штипската болница.
Несреќата се случила меѓу патничко возило „Венто” управувано од 71-годишен возач и мотор, управуван од 19 годишното момче, а негов сопатник бил и 17 годишен малолетник.
Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска информира дека во болницата се примени две лица, од кои едното со повреди на главата и е во шок соба. Во тек се снимања и прегледи.
Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата, кои треба утврдат како се случила незгодата и дополнително да известат за деталите.