Советникот за национална безбедност на Шведска, Хенрик Ландерхолм, изјави дека има знаци на „зголемена закана“ за земјата и за шведските интереси во странство
Терористичката организација Ал Каеда повика на убивање на шведски и дански дипломати и напади на амбасадите на овие две држави како резултат на палењето на неколку копии од муслиманската света книга – Куранот кои изминатите месеци беа запалени во двете земји
Шведскиот советник за национална безбедност, Хенрик Ландерхолм изјави дека постојат знаци за закана но и за шведските интереси во странство. Шведска и Данска пред неколку дена сигнализираа дека истражуваат законски можности за ограничување на демонстрациите и палењето на светите книги.
„Ќе најдеме правен инструмент кој ни овозможува да го спречиме палењето на Куранот пред странските амбасади”,
изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон, пак, наведе дека Владата „веќе почнала да ја анализира правната ситуација, вклучително и Законот за јавен ред со цел да го истражи опсегот на мерките што ќе ја зајакнат националната безбедност“