И утре мобилни медицински тимови, ќе излезат на терен во руралните и селските средини за да им понудат вакцинација на граѓаните. Во планот за утре, предвидена е теренска вакцинација во повеќе места во околу 30-тина општина.
Здравствените власти очекуваат дека со ваквиот начин на имунизација, заедно со вакцинацијата во здравствените установи без закажување термин, ќе се вакцинираат што поголем број граѓани бидејќи, како што велат, со рестрикции не може да се живее, а имунизацијата е единствениот начин да се справиме со пандемијата.
„Вакцинирањето на граѓаните без закажан термин и вакцинирањето на терен се процеси што ќе се одвиваат наредниот период без прекин, со распореден направен од страна на здравствените работници од здравствените установи, распоредот ќе биде повторувачки, значи повеќе пати ќе се посетуваат населените места, селата, руралните места. Сметам дека на овој начин значајно се олеснува пристапот на граѓаните до вакцина буквално на цела територија на нашата држава“,
изјави денеска министерот Венко Филипче.
Листата на општини и локации каде утре ќе има теренска вакцинација ја објавуваме во продолжение:
- Делчево/Македонска Каменица – Цера
- Тетово – Желино
- Стримница, Долна Лешница, Горна Лешница, Палатица, Требош, Узурмишт
- Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Чајле
- Штип – Чардаклија, Горен и Долен Балван, Крупиште
- Прилеп – Ракле, Никодин, Царевиќ
- Свети Николе – Мустафино
- Кратово – Страцин, Димонце,Пендак, Крилатица, Таламанце, Трновац
- Виница – Лаки, Драгобраште
- Демир Хисар – Бараково, Единаковци, Света
- Валандово – Пирава
- Струга – Радолишта, Шум, Заграчани
- Крушево – Норово, Алданци, Селце
- Ростуше – Присојница
- Дебар – Могорче
- Струмица – Свидовица
- Босилово – Старо Балдовци, Дрвош
- Неготино –Пепелиште
- Радовиш – Дедино, Ињево
- Пробиштип – Долни Стубол
- Кочани – Чешиново
- Кичево – Србица, Ново Село
- Кавадарци – Росоман, Сирково
- Битола – Дихово, Нижеполе, Трново, Магарево, Брусник, Лавци
- Вевчани – Велешта, Добовјани, Горно и Долно Татеши
- Охрид – Мешеишта, Климештани, Ботун, Злести, Белчишта
- Македонски Брод – Самоков
- Велес – Дреново, Долно Јаболчиште, Горно Јаболчиште
- Крива Паланка – Дубровница, Луке
- Куманово – Арбанашко, Малотино, Рамно, Мглинце, Буковљане, Длабочица, Дејловце, Цветишница, Жегљане, Степанце, Кокино, Бајловце, Жељувино, Аљинце, Осиче, Облавце, Макреш, Канарево
- Скопје – Сарај, Грчец, Крушопек, Љубин