Во СВР Велес синоќа околу 21 часот било пријавено дека на ул. „Јордан Џурнов“ во Велес, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу 45-годишниот А.М. и неговата сопруга, 42-годишната Е.Ј., од една страна и 36 годишниот С.К. и неговата 34-годишна сопруга А.К., сите од Велес.
Во неделата вечерта околу 18 часот во СВР Велес било пријавено дека во велешкото село Рудник, во дворот од семејната куќа, 31-годишниот Ж.Ф. од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од 58-годишниот В.Н.. Истиот ден во 19.50 часот во СВР Велес 58-годишниот В.Н. од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа во село Рудник бил физички нападнат од 57-годишниот К.Ф. и неговиот син, 31-годишен син Ж.Ф.
Во обата случаи полицијата работи на документирање по што ќе следуваат соодветни пријави.
