Во описот за случајот, од полицијата велат дека на повредениот затвореник прво му била укажана помош во амбулантното одделение на затворот, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје
Еден затвореник е повреден во тепачка со двајца други осуденици во Казнено-поправната установа „Идризово“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тепачката се случила вчера, а во неа биле разменети удари со тврди предмети, по што еден од затворениците со остар предмет му нанел повреда на друг.
Во описот за случајот, од полицијата велат дека на повредениот затвореник прво му била укажана помош во амбулантното одделение на затворот, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
„На 1 април 2026 година во 13 часот е пријавено дека од КПУ ‘Идризово‘ е пријавено дека во 12:40 часот, за време на редовна прошетка, осудениците Е. А. (32) и Ш. И. (35) од една страна и С. М. (26) од друга страна со тврди предмети си размениле удари. Потоа еден од затворениците, Е. А., со остар предмет му нанел повреда на С. М.“,
се вели во полициското соопштение.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.
