Според првичните сознанија, синот се обидел да го нападне својот татко со употреба на остар предмет, а таткото возвратил на нападот со дрвен предмет нанесувајќи му повреди на синот

Полициски службеници од ОВР Неготино синоќа лишиле од слобода двајца жители на неготинско село, татко (50) и син (28), по физичка пресметка во нивниот семеен двор.
Според информациите од СВР Велес, инцидентот се случил околу 23 часот. Настанот бил пријавен во полиција, а според првичните сознанија, синот се обидел да го нападне својот татко со употреба на остар предмет, а таткото возвратил на нападот со дрвен предмет нанесувајќи му повреди на синот.
Повредениот 28-годишник бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде му биле констатирани телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, при што предметите со кои бил извршен нападот се пронајдени и одземени. Таткото и синот се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
„За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Неготино. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштуваат од СВР Велес.
