Телото било извлечено на плажа пред хотел. Лекарите не констатирале траги на насилство, а обвинител наредил телото да се предаде на семејството
Тело на давеник вчера било извадено од водите на Охридското Езеро, соопшти охридската полиција откако кај нив случајот бил пријавен вчера околу 15:15 часот.
Станува збор за 77-годишен маж од селото Пласница, Македонски Брод, чие тело било извлечено на плажа пред хотел на охридското крајбрежје.
По извршена реанимација од страна на Итна медицинска помош, велат од полицијата, кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на семејството.