На стаклото на автомобилот од страната на возачот имало отвор од испукан проектил, а безживотното тело на мажот било облеано со крв во пределот на главата
Тело на 42-годишник од Тетово попладнево е пронајдено во автомобил во атарот на селото Нераште, Тетовско.

Автомобилот марка „ауди“ со тетовски регистарски ознаки бил пронајден од страна на полицијата во нива во атарот на селото Нераште. На стаклото од страната на возачот имало отвор од испукан проектил, а безживотното тело на мажот било облеано со крв во пределот на главата.
„Првично сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје“,
соопштија од СВР Тетово.
Претходно сопругата на 42-годишниот тетовец, 33-годишната Б.Б. околу 2 часот изутрина пријавила во полиција дека попладнето околу 18 часот тој излегол од дома со автомобилот и не се јавувал на телефон.
