Неговото тело било пронајдено во четвртокот во раните утрински часови, а според неофицијални информации на порталот „24ur.com“, тој бил претепан до смрт, што полицијата не го потврдила

Тело на маж било пронајдено во центарот на Љубљана во четвртокот наутро, а како што информира портпаролката на Полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц, станува збор за 38-годишен државјанин на Северна Македонија, објави словенечкиот портал „24ur.com“.
Неговото тело било пронајдено во четвртокот во раните утрински часови, а според неофицијални информации на порталот, тој бил претепан до смрт, што полицијата не го потврдила.
„Полицијата изврши увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивна кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде информирано за сите наоди“,
изјави портпаролката на Полициската управа во Љубљана.