Од најголемата опозициска партија за Телма потврдиле дека утре ќе поднесат нова иницијатива, што значи дека е можно расправата за доверба на Владата во Собранието, наместо во четврток, да се помести за в сабота
Реџепи-Зејд, пак, во телефонски разговор за Телма рекол дека гласањето може да се одржи и в четврток, ако се земе предвид дека седницата мора да биде одржана најдоцна три дена по поднесувањето на иницијативата
Скендер Реџепи-Зејд од Алтернатива ја прифатил понудата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да поднесат нова иницијатива на која Реџепи ќе ги избере останатите 19 пратеници со кои ќе ја потпише новата иницијатива за изгласување недоверба на Владата, објави Телма, при што потврда за ова добиле и од обајцата пратеници.
Од најголемата опозициска партија за Телма потврдиле дека утре ќе поднесат нова иницијатива, што значи дека е можно расправата за доверба на Владата во Собранието, наместо во четврток, да се помести за в сабота.
Реџепи-Зејд, пак, во телефонски разговор за Телма рекол дека гласањето може да се одржи и в четврток, ако се земе предвид дека седницата мора да биде одржана најдоцна три дена по поднесувањето на иницијативата. Според него, ако новата иницијатива биде поднесена утре, четврток ќе биде првиот ден од новиот рок и ќе му понудат на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не закажува нова седница, туку расправата да се одржи на веќе закажаната за в четврток.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, му се обрати јавно на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, предлагајќи му да поднесат нова иницијатива за изгласување недоверба на Владата.
Откако Реџепи изјави дека нема да соработува со Левица за уривање на Владата, по што и Алтернатива остана без конкретен став, Мицевски, кој инаку е во изолација поради ковид-19, денеска му предлага на пратеникот од партијата на Африм Гаши да избере 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за заедно да достават друга иницијатива за недоверба.
Реџепи, кој во петокот бил меѓу 61 пратеник кои дале поддршка за иницијативата, зад која застанаа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова“, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса, набрзо потоа се изјасни дека, иако е за уривање на Владата, нема да дозволи неговиот потпис да стои заедно со потписот на двајцата пратеници на Левица. Синоќа од Алтернатива соопштија дека дебатите ќе траат до собраниската седница в четврток, но дека но дека нивните четворица пратеници ќе бидат единствени каква и да биде одлуката што ќе ја донесе партијата во однос на прашањето за доверба на Владата.