Во однос на блокадата од Бугарија, Заев го информирал својот шведски колега дека е во исчекување на формирање на новата бугарска влада, со цел да продолжи дијалогот и дека решенијата за отворените прашања ќе се најдат во рамките на Договорот за добрососедство
Актуелната политичка и економска состојба во Северна Македонија, како и мерките за справувањето со пандемијата и процесот на вакцинација, се некои од темите на денешниот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев со неговиот шведски коелга Стефан Левен.
Како што информира владината прес-служба, Заев му се заблагодарил на Левен за поддршката на Шведска за земјава на нејзиниот европски пат, како и за одличните билатерални односи меѓу двете земји.

„Во однос на блокадата од Бугарија, Заев го информираше својот шведски колега дека е во исчекување на формирање на новата бугарска влада, со цел да продолжи дијалогот и дека решенијата за отворените прашања ќе се најдат во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство, кој е основа и за поинтензивна соработка меѓу двете земји“,
се наведува во соопштението.
Премиерот Заев го поканил својот шведски колега да ја посети земјава во прва можна прилика, со цел понатамошно продлабочување на соработката, пред сѐ во економијата, инвестициите, животната средина и здравството.
