Како што информираа од МНР, во разговорот, Калас ја потврдила континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Мучунски, попладнево остварил телефонски разговор со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика Каја Калас.

Како што информираа од МНР, во разговорот, Калас ја потврдила континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.
„Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка, како темели на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за ‘Коридор 8’ како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот“,
се наведува во соопштението од МНР.
Муцунски и Калас, како што додаваат оттаму, размениле мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.