Шерифот на округот на Твитер напиша дека и овој напад бил извршен од возило, кое се приближило до местото каде штто се одржувала комеморацијата и некој од возилото почнал да пука во толпата
Едно лице загина, а 14 се повредени во пукотница во Бејтаун, Тексас, јавува Еј-би-си Њуз. Тројца од повредените се во критична состојба.
Според телевизијата, напаѓачот отворил оган за време на комеморација за момчето кое беше убиено на ова место пред неколку недели, кога напаѓач пукал од возило во движење.
Шерифот на округот на Твитер напиша дека и овој напад бил извршен од возило, кое се приближило до местото каде штто се одржувала комеморацијата и некој од возилото почнал да пука во толпата.
Повредени се 14 лица од кои три се во критична состојба, додек остаатите имаат повредни кои не се животнозагрозувачки.