Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон команден центар на Хамас кој се наоѓал во рамките на болницата. Според нив, од таму се планирале и изведувале напади врз израелски цивили
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, остро го осуди израелскиот воздушен напад врз болницата „Ал Ахли“ во Газа и апелираше за заштита на здравствените установи, пренесе ДПА.
„Уништено е одделението за итна помош, лабораторијата, рендгенот и аптеката“,
напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс.

Според директорот на болницата, 50 пациенти се пренесени во други болници, но 40 тешко болни пациенти не можеле да бидат евакуирани.
Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон команден центар на Хамас кој се наоѓал во рамките на болницата. Според нив, од таму се планирале и изведувале напади врз израелски цивили.
Израел тврди дека презел мерки за предупредување со цел да се намалат цивилните жртви.
„Болниците се заштитени според меѓународното хуманитарно право. Нападите врз здравствени установи мора веднаш да престанат“,
изјави Тедрос и побара итно укинување на израелската блокада за испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, која е во сила од март.