Лекторка
Љупка Евроска е лекторка во „360 степени“. Магистер е по филолошки науки од областа македонски јазик, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што работела како демонстратор во наставата по предметите Лексикологија на македонскиот јазик и Фразеологија на македонскиот јазик (2022-2024 г.).
Има положено лекторски испит и работела како лектор на трудови од широк спектар на стручни области. Соработувала и со неколку издавачки куќи како лектор на нивни изданија. Од 2023 г. своето лекторско искуство го надградува во електронскиот медиум „360 степени“.
Се јавува како преведувачка на неколку книги, избрана поезија и теориски текстови од српски/хрватски (босански и црногорски) на македонски јазик.