Во вторникот, кандидатот за потпретседател на Трамп, Џеј Ди Венс, го спомна Ејден во објава на Икс, велејќи дека детето било убиено од мигрант од Хаити. Таткото на Ејден, Нејтан, на состанокот на градската комисија подоцна истиот ден рекол дека пораката повторно ги отворила раните
Татко од Охајо му порача на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да престане да ја користи смртта на неговиот син за политички цели. Ејден Кларк (11) загина минатата година во несреќа со училиштен автобус во Спрингфилд, мал град кој сега е во центарот на националниот фокус по неоснованите тврдења на кампањата на Трамп за имигрантите од Хаити таму, пишува Би-би-си.
Во вторникот, кандидатот за потпретседател на Трамп, Џеј Ди Венс, го спомна Ејден во објава на Икс, велејќи дека детето било убиено од мигрант од Хаити. Таткото на Ејден, Нејтан, на состанокот на градската комисија подоцна истиот ден рекол дека пораката повторно ги отворила раните.
„Го искористија името на мојот син за политички цели. Тоа треба веднаш да престане“,
рекол Нејтан.
Nathan Clark — the father of 11-year-old Aiden Clark, who was killed in a car accident in Springfield, Ohio — tells JD Vance and Donald Trump to stop using his son’s name and the city of Springfield to demonize Haitian immigrants. “This needs to stop now!” pic.twitter.com/3J8FtZ82Ts
— Keith Boykin (@keithboykin) September 11, 2024
„Мојот син не беше убиен. Несреќно го уби имигрант од Хаити. Оваа трагедија ја почувствува целата заедница, државата, па дури и нацијата. Но, не ја претворајте во омраза”,
додал таткото на средбата на градската комисија.
Ејден загина кога комбе управувано од Херманио Џозеф, имигрант од Хаити без возачка дозвола, случајно удри во училиштен автобус. Притоа автобусот се превртел и загинало 11-годишно момче, а повредени беа уште неколку деца. Во мај, Џозеф беше прогласен за виновен за убиство од небрежност и беше осуден на затвор од 9 до 13 и пол години.
„Посакувам несреќата во која загина Ејден да ја предизвикаше 60-годишен белец. Искрено, никогаш не помислив дека ќе кажам такво нешто. Но, ако е одговорен белец, барем групите кои шират омраза би нè оставиле на мира“,
рече Нејтан Кларк.
Во понеделникот, кампањата на Трамп објави фотографии од Ејден и Џозеф на Икс и ја нападна имиграциската политика на потпретседателката Камала Харис пред претседателската дебата.
„Запомнете: 11-годишниот Ејден Кларк беше убиен на пат кон училиште од мигрант од Хаити, кого Камала Харис го пушти во земјата во Спрингфилд“,
се вели во објавата.
За потсетување, Трамп и Венс, исто така, ширеа неосновани тврдења за имигрантите од Хаити дека јаделе домашни миленици во Спрингфилд.
