Локалните медиуми го објавија објавија нивниот идентитет, посочувајќи дека нападот го извршиле Саџид и Навид Акрам, на возраст од 50 и 24 години. Според Би-би-си, таткото и синот биле приврзаници на групата „Исламска држава“ во Сиднеј, а симболи и знамиња со такви пораки се пронајдени во нивниот автомобил
Татко и син го извршиле терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и еден од напаѓачите, а околу 40 се повредени, објави Би-би-си.

Локалните медиуми го објавија нивниот идентитет, посочувајќи дека нападот го извршиле Саџид и Навид Акрам, на возраст од 50 и 24 години.
Таткото е убиен на местото на нападот, а синот се наоѓа во болница и е во критична состојба.
Тие вчера извршија вооружен напад на плажата Бонди, во кој се убиени 16 лица, што присуствувале на настан по повод еврејскиот празник Ханука. Меѓу загинатите има и 12-годишно дете, како и рабин кој бил организатор на настанот.
Според Би-би-си, таткото и синот биле приврзаници на групата „Исламска држава“ во Сиднеј, а симболи и знамиња со такви пораки се пронајдени во нивниот автомобил.
Австралиската Еј-би-си објави дека синот Навид Акрам е роден во Австралија, а пред повеќе од пет години бил испрашуван од полицијата за неговите блиски врски со терористичката ќелија на „Исламска држава“ со седиште во Сиднеј. Тогаш била направена проценка дека нема индикации за каква било закана или можност да биде вклучен во некаков вид насилство.
Таткото Саџид, пак, пристигнал во Австралија во 1998 година. Тој имал дозвола за огнено оружје за рекреативен лов и бил член на стрелачки клуб.
Полицијата смета дека нападот го планирале во објект за краткотрајно домување што се наоѓа на околу 30 минути возење од плажата Бонди.
Shooting at Bondi Beach, Sydney #bondibeach #SydneyAttack #Australia pic.twitter.com/Xy6E6RtOqB
— Ra Ga (@RaGa440) December 14, 2025
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди терористичкиот напад на плажата Бонди како чин на чисто зло, и изјави дека ќе се залага за построги закони за добивање оружје оти постариот напаѓач имал дозвола за огнено оружје за рекреативен лов.
