Од опозициската партија додаваат дека власта не нуди еднакви шанси за младите, туку дека создава систем што им ја убива надежта
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претворија државата во приватна компанија за семејни и партиски вработувања. Институциите се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата. Ова е денешната реакција на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), во која се посочува дека партиските функционери ги ги вдомуваат семејствата, а младите се оставени на минимални можности за вработување.
„Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер. Сите се во владините институции кои им служат на интересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека способноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт“,
се вели во соопштението од СДСМ.
Оттаму додаваат дека власта не нуди еднакви шанси за младите, туку дека создава систем што им ја убива надежта.
„Младите заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем што ги гуши талентите и го поттикнува иселувањето“,
велат од опозицијата.