„Земјотресот по сѐ изгледа денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите и се надевам дека на 8 мај, ‘Вреди’ ќе победи и ќе дојде долгоочекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, рече Таравари, меѓу другото, на прес-конференција по затворањето на гласачките места
Денешното помасовно гласање од претходните избори покажува дека доаѓаат промените, рече кандидатот за претседател од „Вреди“, Арбен Таравари, на прес-конференција по затворањето на гласачките места.
Како што потенцира, во „Вреди“ се пресреќни што ги добиле гласовите од Албанците.

„Се знае дека сега имаше поголемо масовно гласање, што говори дека доаѓаат промените. Ние како ‘Вреди’ сме пресреќни што добивме гласови од Албанците, сега промените се во кутиите. Се надевам дека нашите набљудувачи нема да дозволат да има злоупотреби и дека секој глас даден на демократски начин ќе излезе на површина. Гласот на граѓанинот не треба да се злоупотребува. Земјотресот по сѐ изгледа денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите и се надевам дека на 8 мај, ‘Вреди’ ќе победи и ќе дојде долгоочекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“,
рече Таравари.