Според него, земјава на 14 декември нема да добие датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ бидејќи, како што рече, информации кои ги добиваат од Брисел е дека датум ќе добиеме во 2023 година
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, смета дека доколку дојде Алтернатива да прифати да влезе во новиот состав на Владата, таа нема да трае долго.
На новинарско прашање околу очекувањата за денешната средба на Африм Гаши и Зоран Заев, по средбата со амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, Таравари коментираше дека ќе ја почитуваат одлуката на Алтернатива, напоменувајќи дека на претходните избори како коалиција добиле 82 илјади гласови“ за“, како што рече, „анти-ДУИ политиката“.
„Пред година и пол излеговме со господинот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако не мора да се придржуваат до тоа. Како ќе одлучат, така. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука. Доколку влезат во Влада, таа Влада нема да биде одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ. Таму владеат фракции и има многу неисполнети ветувања кон коалициските партнери. Сметам, дека наредната 2022 година ќе биде изборна“,
рече Таравари, пренесе МИА.
Според него, земјава на 14 декември нема да добие датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ бидејќи, како што рече, информации кои ги добиваат од Брисел е дека датум ќе добиеме во 2023 година.
За делувањето на партијата „Алијансата за Албанците“, тој напомена дека ќе останат во опозиција и веќе прават подготовки за Конгресот што го планираат напролет. На тој конгрес приоритет ќе биде реорганизација и ребрендирање на партијата со кои ќе настапат на претстојните избори.
