Алијсана за Албанците не успеа да освои ниту еден мандат во Советот на општина Тетово. Лошиот резултат на партијата резултираше со оставка на лидерот на АА, Зијадин Села
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вели дека Зијадин Села е симболот на партијата, откако тој поднесе неотповиклива оставка по лошите резултати на изборите за Советот на Општина Тетово.
Според Таравари, Села одиграл историска улога во ослободувањето на државата од, како што вели, канџите на диктатурата.

„Во многу важен пресврт во историјата на македонската држава, тој се стави на чело, ризикувајќи го сопствениот живот за да може државата да се ослободи од канџите на диктатурата што ја освои. Салите и ходниците на парламентот за малку ќе се сменија на крајот од него, но за среќа Зијадин преживеа и со него победи демократијата, а особено мирот триумфираше поради него, бидејќи таа вечер кога беше варварски силуван во собраниската сала, неговите сериозни слики го окупираа медиумите насекаде … албанскиот народ, како никогаш досега, без разлика дали припаѓа на Алијансата, дали е на ДУИ или на која било друга партија, излезе на улица за да ја дели правдата, но нивниот повик за мир и воздржаност беа историски и го покажа однесувањето на мудар човек“,
вели Таравари.
Според генсекот на Алијанса за Албанците, Села во иднина ќе продолжи да ѝ дава голема поддршка на партијата. Таравари вели дека Села вечерва покажал политичка класа со преземањето одговорност по лошите резултати на партијата.
Села вечерва си поднесе оставка и рече дека резултатите на изборите во Тетово не биле очекувани, па поради тоа е подготвен да преземе одговорност.
„Од овој момент, преземам одговорност и давам неотповиклива оставка од претседател на партијата. Во периодот што следува највисокиот орган на партијата меѓу два конгреса – Централното собрание, треба да заседава и да одлучи во врска со тоа кој ќе биде вршител на должност претседател на партијата“,
рече Села, заблагодарувајќи им се на сите поддржувачи на Алијанса за Албанците.

Прашан кој би требало да ја води партијата, Села рече дека не е демократски тој да кажува кој да биде следниот претседател на Алијанса за Албанците.
Села си поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците (360stepeni.mk)
Партијата сега ќе прави темелни анализи за да види која е причината за лошиот резултат на изборите за Советот на Општина Тетово. На вчерашните избори АА не освои ниту еден советнички мандат.
