Во однос на позицијата на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, чие име деновиве е актуелно откако партијата Алијанса за Албанците, од која е и самиот тој, донесе одлука да ја напушти владината коалиција, премиерот рече дека деновиве ќе има средба со раководството на партијата
Блокот од минатото и криминалот и оној на иднината и просперитетот на Македонија се два блока што ќе се спротистават на претстојните избори. А, Арбен Таравари одлучи да се приклучи на првиот блок. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува сегашната политичка сцена.

„Реалната политика е работа на можното. Неделава ќе бидат појасни многу работи. Но, едно е јасно, дека на помалку од пет месеци од почетокот на кампањата за локалните избори се дефиницираат два блока. Едниот е блок од минатото, на криминалот, корупцијата, на срам, пљачка, блок што тесно коалицираше со криминални банди. За жал, Арбен Таравари одлучи да му се приклучи токму на тој блок. Другиот блок е оној на чесните граѓани, блокот на Македонија, што сака да види една богата и успешна земја во која ќе нема повластени, туку ќе се работи и ќе се испорачува за граѓаните“,
кажа денеска Мицкоски при посетата на Тренинг центарот во Идризово.
Во однос на позицијата на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, чие име деновиве е актуелно откако партијата Алијанса за Албанците, од која е и самиот тој, донесе одлука да ја напушти владината коалиција, премиерот рече дека деновиве ќе има средба со раководството на партијата.
„Оваа недела многу работи ќе бидат појасни. Очекувам да се видам со луѓето во ВЛЕН и да шоразговараме за иднината на Владата, коалицијата со една јасна програма до локалните избори и потоа. Многу работи ќе бидат познати неделава“,
вели премиерот.
На прашањето за коментар за изјавата на дел од функционерите не ВЛЕН за можно преминување пратеници од ДУИ на страна на мнозинствоот, рече дека политиката е работа на можното.