Во објава на Фејбук, му постави неколку прашања на Азир Алиу, актуелниот министер за здравство, нарекувајќи го министерот на петте нови столбови на здравството и стратегијата на „ЧетГПТ“ (ChatGPT)
Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари вечерва на својот фејсбук-профил објави документ во кој се дава негативно мислење од Секторот за финансиски прашања при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за вработување на неопределено време на 155 медицински сестри, доктори и друг персонал во Клиничката болница во Тетово.
Оваа објава на Таравари следи откако денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу најави вработување на 155 лица во тетовската болница, но истовремено го обвини неговиот претходник дека додека бил министер ништо не направил за овие луѓе што со години работат без решен работен однос.

Според него, овој документ му е доставен на министерот за здравство Азир Алиу на 15 јули годинава.
„Како што гледате, барањето за вработување на 155 лица е доставено од Министерството за здравство на 2 јули, односно во време кога Азир Алиу е минисер и на него е добие негативен одговор од Министерството за финасии. Зошто не влијаевте да добиете позитивен одговор“,
го праша Таравари актуелното раководство во ресорното министерство.
Според него, сите вработувања, вклучувајќи ги и тие 300 плус 300 специјализанти ги оставил подготвени за реализација.
„Првата група речиси ја завршив. А каде сте со втората група на вработување на 300 специјализанти“,
повторно праша тој.
Сите вработувања, како што додава, биле во фаза на подготовка, а секое барање од здравствените установи што пристигало во Министерството додека бил министер, во рок од неколку дена се проследувало до Фондот за здравство, односно до Министерството за финансии.
Во продолжение, Таравари му постави неколку прашања на Азир Алиу, актуелниот министер за здравство, нарекувајќи го министерот на петте нови столбови на здравството и стратегијата на „ЧетГПТ“ (ChatGPT):
- Рековте дека 300 здравствени работници ќе бидат сместени во Трговскиот центар „Лимак“ до 1 јули. До каде е оваа постапка? Зошто толкаво доцнење?
- До каде сте со бесплатните прегледи за секој што наполнил 40 години?
- Доставивте информација до Владата за да на Градот Скопје му се продолжи надлежноста за надгледување на паркингот во Клиничкиот центар. Дали имаше некаков договор? Зошто ја повлековте истата? Што се крие зад ова?
- Правите реформи во системот „Мој термин“, а се уште немате договор за одржување. Како ќе го спроведетее тоа без договор?
- За изградба на ѕидот кај Клиниката за детски болести обезбедив буџет, има и владина одлука. Те потресувам дека треба да се изгради што е можно побрзо, бидејќи претставува опасност.
На крајот од својата објава на Фејсбук, Таравари употребува сарказам и вели дека ова го напишал подоцна, по работното време, зашто Алиу не одговара во текот на работното време.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција најави дека договор за вработување на неопределено време ќе добијат 155 медицински сетри, лекари и друг технички кадар во Клиничката болница во Тетово.
Алиу ја обвини опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) дека кога биле на власт не го решиле проблемот на медицинскиот кадар во тетовската болница. И за неговиот претходник, Арбен Таравари, додаде дека ништо не направил за овие луѓе што со години работат без решен работен статус.
За Таравари уште додаде и дека од страна на ДУИ го користат како „маша“ на партијата.