Таравари ова го изјави пред почетокот на денешното собрание на неговото крило на Алијанса на Албанците, на кое е присутен и актуелниот градоначалник на општина Врапчиште, Исен Шабани кој донеодамна беше потпретседател на крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села, кое пак е дел од коалицијата „Европски фронт“ на чие чело е ДУИ
Исен Шабани одговорајќи на новинарски прашања за неговото присуство и можно кандидирање на претстојните избори рече дека планира да биде независен кандидат и да бара поддршка од крилото на Таравари
Ние сме дел од ВЛЕН и ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори, изјави денеска министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата на партиите на Албанците во власта, Арбен Таравари пред почетокот на партиското собрание на неговото крило на Алијанса за албанците (АА) што попладнево се одржува во Гостивар.

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања откако самиот на почетокот на неделава во интервју за „360 степени“ сподели дека во ВЛЕН имаат разлики околу настапот на претстојните локални избори.
„Случувањата во овој момент во политиката се динамични и треба да се носат разумни одлуки“,
рече Арбен Таравари.
Она што е новост од денешниот состанок во Гостивар е што на него е присутен актуелниот градоначалник на општина Врапчиште, Исен Шабани кој донеодамна беше потпретседател на крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села, кое пак е дел од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ.
Инаку, Таравари одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека пред четири дена имал разговор со вицепремиерот и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој како што каѓа, бил конструктивен и траел речиси два часа.

Тараври, исто така потврди дека имал и средба со лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети кога се сретнал со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
„На таа средба само се поздравивме, како што налага однесувањето во такви прилики. Јас со секој политичар би се поздравил освен со лидерот на Левица (Димитар Апасиев)“,
рече Таравари, пренесе МИА.
Градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани одговорајќи на новинарски прашања за неговото присуство и можно кандидирање на претстојните избори рече дека планира да биде независен кандидат и да бара поддршка од крилото на Таравари.
„Денес собрав храброст да ги отстранам сите дилеми за Алијанса за Албанците и да биде што е можно повеќе обединета“,
рече тој.
Во врска со најавите дека тој е можен кандидат за трет мандат за градоначалник во Врапчиште, тој изјави:
„Не можам да бидам партиски потпретседател додека не поднесам независна кандидатура“,
изјави Шабани.
На дневен ред на денешното собрание на крилото на Алијанса за Албанците на Таравари се дикусии за актуелната политичка состојба, за локалните избори, а донесена е и декларација за трагедијата во Кочани.

Премиерот Христијан Мицкоски прашан денеска во Тетово околу можноста министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари да ја напушти односно да биде избркан од оваа коалиција на партии на Албанците која е дел од владиното мнозинство, рече дека во јавноста има многу информации и оти би се воздржал од било какви коментари во однос на нив.
Кажа дека владата функционира обединето и единствено, оти неофицијално има чиста двотретитинска поддршка во рамките на македонското Собрание, а реално ја поддржуваат 78 пратеника.