Во описот на фотографијата Таравари вели дека е на средба со најевропскиот премиер

Лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари со објава на фотографија на неговиот фејсбук-профил информира дека во Тирана имал средба со премиерот на Албанија Еди Рама.
Во описот на фотографијата Таравари вели дека е на средба со најевропскиот премиер.
Повеќе детали за средбата со Рама и за тоа за што разговарале, Таравари не сподели.
Инаку, Таравари изминативе денови е актуелен во јавноста откако неговата Алијанса за Албанците (АА) донесе одлука да ја напушти владината коалиција и да дејствува во опозиција.
По ваквата одлука Таравари поднесе оставка од министерската функција во Здравство, а неговиот пример го следеа и заменик-министрите од ресорите земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана, Фљакрон Беџети и Елфет Исмаили. Оставка си поднесе и националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани.
По ваквата одлука на Алијанса за Албанците од функцијата вицепремиер за добро владеење не замина Арбен Фетаи, кој беше назначен како кадар на АА.
Фетаи изминатиот викенд на фејсбук-објави фотографии од средба што ја имал со косовскиот премиер Албин Курти пишувајќи дека идеалот за напредок и развој не познава граници.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека очекува новите имиња во Владата да бидат познати до идната недела.