Тужбата, преку својот адвокат, Таравари ја поднел вчера до Граѓанскиот суд Скопје, а се однесува на изјавите на Меџити дадени во интервју на почетокот на месецов со кои го обвини Таравари дека додека бил на чело на Министерството за здравство потпишал седум лиценци за производство на канабис
Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците (АА) и ексминистер за здравство Арбен Таравари, поднесе тужба за клевета против неговиот поранешен сопартиец во ВЛЕН – градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Тужбата, преку својот адвокат, Таравари ја поднел вчера до Граѓанскиот суд Скопје, а се однесува на изјавите на Меџити дадени во интервју за ТВ Лајм на почетокот на месецов со кои го обвини Таравари дека додека бил на чело на Министерството за здравство, потпишал седум лиценци за производство на канабис.
Според соопштението на Алијанса за Албанците, пред тужбата да биде поднесена, бил даден и законскиот рок за јавно извинување, кој Изет Меџити не го искористил.
Таравари веднаш реагираше на обвинувањата на Меџити дадени во телевизиското интервју, ги отфрли како невистинити и најави дека ќе го тужи ако не добие извинување од него.
