Претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар е на став дека не е добро да има предвремени избори во ноември или декември годинава, но истовремено, смета дека тие не би требало да се одржат ниту во јули следната година, кога е редовниот термин. Ставот го аргументира со тоа дека во март или април треба да се одржат редовните претседателски избори, па одржувањето на парламентарните избори во толку кус временски период би значело само дополнителни финансиски трошоци за државата
Лидерот на Алијанса за Албанците, која е партнер во владејачката коалиција, и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, е оптимист дека уставните измени ќе поминат, односно ќе бидат изгласани.

Доколу не се случи тоа, вели првиот човек на партијата, за нивните натамошни чекори ќе одлучуваат партиските тела на Алијанса за Албанците.
За останување или излегување од владината колација, Таравари вели дека воопшто не разговарале на последниот состанок на централното претседателство минатата недела.
„За околу две недели на пленарна седница во Парламентот ќе излезат уставните измени. Алијасна за Албанците минатата недела имаше состанок на централното претседателство. Воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме во Влада. Пред сè, а приори ни е важно да поминат уставните измени и ние сè уште сме оптимисти дека има шанси тие да се случат, да се започне со уставните промени. Ако не, во таков случај ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите потоа, така и ќе одлучуваат партиските тела на Алијанса за Албанците“,
изјави денеска лидерот на партијата за медиумите.
Во врска со одржувањето на парламентарните избори, ставот на Таравари е дека не е добро да има предвремени избори во ноември или декември годинава, но истовремено, смета дека тие не би требало да се одржат ниту во јули, следната година, кога е редовниот термин.
Ваквиот став, претседателот на Алијанса за Албанците го аргументира со тоа дека во март или во април треба да се одржат редовните претседателски избори, па одржувањето на парламентарните избори во толку кус временски период би значело само дополнителни финансиски трошоци за државата.
„Како што мислам дека ноември и декември не е добро да се одржат избори, бидејќи редовните претседателски се во март или април. Исто така и редовни парлементарни не би требало да има во јули бидејќи три месеци пред тоа се претседателските и ни требаат и многу пари, но и да се замараат сите политички партии за три-четири месеци мислам дека е нерационално. Меѓутоа, ова е мој став. Сепак треба консензус за датумот кога ќе се одржат парламентарниите избори, за претседателските се знае, ќе се одржат во редовен терми“,
изјави Таравари.
На прашањето за што разговарале со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вчерашната средба по повод прослвата во Горна Река, претседателот на Алијанса и градоначалник на Гостивар вели дека не зборувале за ништо, туку заедно биле по повод настанот.
„И во петок се видовме случајно и вчера се видовме. Не гледам ништо трагично во тоа. Јас и кога имало средби и немало камери сум инистирал од пи-ар службата на општината да се каже бидејќи ние комуницираме со сите политички партии и македонски и албански, освен со Левица. Со сите други имаме редовна комуникација и ќе продолжиме. Со Ахмети не зборувавме ништо, туку заеднички бевме по повод одредени настани кои, да речам, се организраа во Ќафа и во Горна Река“,
рече Таравари, одговарајќи на новинарското прашање.