Талибанците на почетокот на април го забранија одгледувањето афион со цел да се спречи производството на опиум и хероин во земјата. Оние што ќе ја прекршат забраната ќе бидат уапсени и кривично гонети според шеријатскиот закон. Забраната може да им нанесе тежок удар на сиромашните земјоделци и наемници, кои се потпираат на приходот од производство на афион
Талибанските власти во Авганистан започнаа интензивна кампања за прекин на одгледувањето афион земјата, со цел да се спречи производството на опиум и хероин.
Талибанците на почетокот на април го забранија одгледувањето афион, а оние кои ќе ја прекршат забраната ќе бидат уапсени и кривично гонети според шеријатскиот закон.
Забраната може да им нанесе тежок удар на сиромашните земјоделци и наемници, кои се потпираат на приходот од производство на афион.
Авганистан е најголемиот светски производител на опиум и главен извор на хероин во Европа и Азија. Во текот на изминатите 20 години, производството драстично се зголеми, и покрај американските напори за запирање на одгледувањето афион.
Откако Талибанците дојдоа на власт, Авганистан беше отсечен од меѓународните извори на финансирање, голем дел од населението има потешкотии да дојде до храна, а земјата е погодена од тешка суша.