Како идеална маска за покривање на лицето, истакната е сината бурка
Талибанците денеска издадоа нова наредба, според која од жените се бара во јавноста да носат бурка која им го покрива целото тело.
Сината бурка, стана симбол на поранешниот режим во Авганистан кога Талибанците беа на власт од 1996 до 2001 година.
Со најновата одлука повторно се воведува ова строго правило, кое многу сметаат дека ќе предизвика гнев кај жените, пишува Скај Њуз.
Тамошните власти денеска го објавија новиот декрет на врховниот лидер на конференција за новинарите во главниот град Кабул.
„Сакаме нашите сестри да живеат достоинствено и безбедно“,
изјави Калид Ханафи, талибански министер за превенција на пороци и промоција на вредности.
Во уредбата стои дека таткото и најблискиот машки роднина ќе бидат отпуштени од работа, а подоцна и затворени доколку одбијат да го покријат лицето на своите жени, сестри и ќерки во јавност.
Како идеална маска за покривање на лицето, истакната е сината бурка.
Повеќето жени во Авганистан носат бурки или марами од верски причини, меѓутоа во урбаните краеви, како Кабул, повеќето од нив воопшто не го покриваат лицето.