Ова не е првпат Талибанците да ги ограничат правата на жените во Авганистан. Тие веќе им забранија пристап до многу работни места, но и влез на одредени јавни простори. Ги исклучија и од образованието по шестото одделение од основното образование
Талибанците им наредија на невладините организации во Авганистан да престанат да вработуваат жени. Во спротивно најавија дека ќе ги затворат сите домашни и странски невладини организации што нема да ја почитуваат нивната наредба.
Во писмо објавено на социјалната мрежа Икс, талибанското Министерство за економија предупредува дека оние невладини организации што нема да ја почитуваат нивната наредба ќе можат да ја изгубат лиценцата за работа во Авганистан.

Оттаму велат дека имаат надлежност за регистрација, координација, управување и надзор на сите активности што ги вршат домашните и странските организации во државата.
Покрај забраната за вработување на жени во невладините организации, властите наредија и суспензија на работата на жените во владините институции што не се под контрола на талибанците. Тоа дополнително го стеснува полето на дејствување на жените во земјата и ги става во тешка положба.
Ова не е првпат Талибанците да ги ограничат правата на жените во Авганистан. Тие веќе им забранија пристап до многу работни места, но и влез на одредени јавни простори. Ги исклучија и од образованието по шестото одделение од основното образование.
Оваа одлука предизвика поделени реакции, а многу невладини организации и меѓународни институција го осудија потегот на Талибанците.
