На прашањето што ако вториот член на екипажот на соборениот авион биде заробен или повреден од Иранците, тој не даде конкретен одговор, туку кусо рече оти се надеваат дека тоа нема да се случи
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека соборувањето на американскиот воен авион нема да влијае на преговорите за прекин на едномесечниот конфликт со Иран, пренесува Си-ен-ен.

Сепак, во краткото телефонско интервју за американската телевизија Ен-би-си, тој одби да зборува за тековните напори за пребарување и спасување на американскиот пилот во Иран, откако претходно беше соборен воениот авион.
„Не, воопшто не. Не, таква е војната. Во војна сме“,
рече Трамп.
Во посебно телефонско интервју за „Индепендент“, Трамп рече дека не може да коментира што ќе се случи ако вториот член на екипажот на соборениот авион биде заробен или повреден од Иранците.
„Се надеваме дека тоа нема да се случи“,
кажа тој.
Два американски воени хеликоптери кои беа вклучени во пребарувањето и спасувањето на пилотот на американскиот авион Ф-15 беа погодени од ирански оган, но сите членови на екипажот се безбедни.
За потсетување, американските воени сили спасија еден член на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15Е соборен над Иран.
Пилотот е извлечен од американските сили како дел од операцијата за пребарување и спасување што започна веднаш по падот на авионот.
Во тек се потрагата и спасувањето на вториот пилот.
