Според Ентони Гуглиелми, шеф за комуникации на тајната служба, агентите претходно добиле информации за „лице со самоубиствени намери“ кое патувало од Индијана до Вашингтон, пренесува Си-ен-ен
Вооружен маж бил застрелан од припадници на американската тајна служба пред Белата куќа, објави агенцијата веднаш по инцидентот.
Претседателот Доналд Трамп во тоа време не бил во Белата куќа.
Според Ентони Гуглиелми, шеф за комуникации на тајната служба, агентите претходно добиле информации за „лице со самоубиствени намери“ кое патувало од Индијана до Вашингтон, пренесува Си-ен-ен.
„Припадниците на тајната служба забележаа поединец кој одговараше на описот во близина на Белата куќа и го најдовме неговиот паркиран автомобил. Додека полицајците му приоѓаа, поединецот извади огнено оружје, што резултираше со престрелка и нашите агенти отворија оган“,
рече Гуглиелми во соопштението.
Мажот бил пренесен во болница, но неговата моментална состојба не е позната.
Тајната служба вели дека никој од нејзините членови не е повреден.
Гуглиелми додаде дека Одделот за истраги за внатрешни работи и употреба на сила на полициската управа на Вашингтон ќе ја води истрагата за инцидентот, бидејќи таа единица има јурисдикција над случаите во кои се вклучени полицајци во главниот град на САД.