Вакцината која доколку биде одобрена, би ја произведувал фармацевтскиот гигант „Астра Зенека“ е најсериозен конкурент на руската вакцина „спутник V“
Русите спроведуваат кампања на дезинформации во врска со вакцината што ја развива универзитетот во Оксфорд, објави британскиот весник „Тајмс“.
Вакцината која доколку биде одобрена би ја произведувал фармацевтскиот гигант „Астра Зенека“ е најсериозен конкурент на руската вакцина „спутник V“.
Весникот посочува дека преку фотографии и видеа, британската вакцина се претставува како опасна преку предупредувања дека вакцината може да ги претвори луѓето во мајмуни, затоа што вирусот бил користен како вирусен вектор на шимпанза.
„Тајмс“ понатаму анализира дека Русија таргетира држави каде што сака да ја продава својата вакцина „Спутник V“, како и западните земји.
„Астра Зенека“ оцени дека дезинформациите се голем ризик за јавното здравје.
Претходно оваа недела, рускиот лидер Владимир Путин објави дека во Русија е развиена и втора вакцина против ковид-19.