Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, поставува два услова кои СДСМ би морал да ги исполни за двете партии да формираат предизборна коалиција. Тачи бара функција во Владата каде што би бил единствен вицепремиер, а негов втор услов е СДСМ да „раскине“ со ДУИ на Али Ахмети.
„Првиот услов е ДУИ да не биде дел од следната влада и вториот услов е претседателот на ДПА да биде вицепремиер и да има само еден вицепремиер“,
изјави Тачи, пренесува ТВ21.
Инаку, ДПА на Тачи и досега беше дел од Владата. На ДПА во 2018 година ѝ припадна министерството без ресор за странски инвестиции, кое му беше доделено на поранешниот пратеник на ДПА, Бардуљ Даути.
За потсетување, Тачи беше осуден на три години затвор во предметот „Титаник 2“, заедно со Сашо Мијалков и неколку поранешни членови на Државната изборна комисија. Кривичниот суд пресуди дека Тачи влијаел врз членот на ДИК, Бедредин Ибраими, по локалните избори во 2013 година да гласа според инструкции на Мијалков. Апелација ја укина оваа пресуда поради повреда на постапката и го врати предметот на повторно судење.