Како што пренесуваат медиумите, одлуката на Судот во Хаг за продолжување на мерката притвор за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и експретседателот на парламентот Кадри Весели била донесена на 26 мај, а е објавена денеска
Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и експретседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели и натаму остануваат во притвор, одлучи специјалниот суд во Хаг.
Како што пренесуваат медиумите, ваквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена е денеска.
До судијата на претходна постапка, одбраната на Хашим Тачи трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета земја за што понудила гаранции.
Инаку, Тачи и Весели се товарат за прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување лица, незаконско апсење и лишување од слобода и сурово постапување, дела извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година.