СЗО претходно изјави дека сè уште не е познато колку трае имунитетот по примањето на вакцините против ковид-19 и дека овие податоци сè уште се собираат
Светската здравствена организација е против воведување таканаречени „вакцинални пасоши“, а како една од клучните причини се наведува фактот дека вакцините против коронавирус не се подеднакво достапни за сите во светот.
Високиот претставник на СЗО за итни ситуации Мајкл Рајан денеска не прес-конференција рече дека се против идејата за воведување на вакви сертификати за вакцини како услов за патување, како што бараат одредени земји.
„Вакцинацијата едноставно не е достапна за целиот свет и секако не е достапна на фер основа“,
рече Рајан.
Тој исто така рече дека воведувањето пасоши за вакцинација би било неправедно за луѓето кои не можат да се вакцинираат од одредени причини, и дека на тој начин „нееднаквоста и неправдата“ ќе бидат воведени во системот.
СЗО претходно изјави дека сè уште не е познато колку трае имунитетот по примањето на вакцините против ковид-19 и дека овие податоци сè уште се собираат.