Министерството за здравство на Газа вчера соопшти дека најмалку 130 Палестинци биле убиени, а повеќе од 1 000 повредени од израелско огнено оружје и воени напади низ територијата во последните 24 часа, една од највисоките вакви бројки во последните недели
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека израелската војска ja нападнала резиденцијата на нивниот персонал, како и главниот магацин во Деир ал Балах, со што ги загрозила нејзините операции во Газа, јави „Гардијан“.
Оттаму велат дека резиденцијата на персоналот била нападната три пати, при што воздушните напади предизвикале пожар и голема штета, а ги загрозиле и персоналот и нивните семејства, вклучувајќи ги и децата.
Вчера, израелските тенкови за прв пат влегоа во јужните и источните области на Деир ал Балах, област каде што израелски извори велат дека војската верува дека може да се држат заложници. Тенковското гранатирање во областа погодило куќи и џамии, при што загинале најмалку тројца Палестинци и биле ранети неколку други, соопштија локалните медицински лица.
Министерството за здравство на Газа вчера соопшти дека најмалку 130 Палестинци биле убиени, а повеќе од 1.000 повредени од израелско огнено оружје и воени напади низ територијата во последните 24 часа, една од највисоките вакви бројки во последните недели.