Светската здравствена организација, денеска преку два свои претставника порака дека вакцините се позитивна вест во борбата со пандемијата, но тоа не знали дека вирусот ќе исчезне.
„Вакцините се најважниот дел во борбата против ковид-19, но тоа не е крај на пандемијата. Вакцините не се еднакви на нула ковид“,
изјави експертот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан.
Тој објасни дека податоците што пристигнуваат укажуваат дека заштитата (што ја обезбедува вакцината) можеби нема да биде долготрајна и оти се можни појави на повторно заразување.
Попладнево и генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека СЗО е загрижена поради се посилното верување дека пандемијата е завршена.
„Напредокот на вакцините ни дава поттик на сите и сега можеме да почнеме да гледаме светло на крајот од тунелот. Сепак, СЗО е загрижена поради растечката перцепција дека пандемијата на ковид-19 помина“,
рече тој, додавајќи дека пандемијата ќе помине уште долг пат и оти одлуките на граѓаните и владите ќе одлучат кога таа ќе заврши.
Тедрос истакна дека на многу места се гледа голема трансмисија на вирусот поради што болниците, единиците за интензивна нега и здравствените работници се под огромен притисок.
