Со цел да се зајакне светската солидарност, шефот на СЗО ги повика африканските земји да поддржат воспоставување меѓународен договор или некој друг правен инструмент што ќе овозможи подобрување на меѓународната соработка како одговор на пандемија
Светската здравствена организација (СЗО) ги осуди, како што ги нарече „шокантните нееднаквости во пристапот до вакцини“ против ковид-19.
„Во светот, 140 земји вакцинираа најмалку десет проценти од нивната популација, но на нашиот континент, само четири земји успеаја да ја постигнат таа цел поради шокантните нееднаквости во пристапот до вакцините“,
рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, на отворањето на годишниот виртуелен состанок на африканските министри за здравство.
Според него, кризата со вакцините покажала фундаментална слабост во борбата со пандемијата – „недостаток на глобална солидарност и споделување, споделување информации, податоци, биолошки примероци, ресурси, технологија и алатки“.
Со цел да се зајакне светската солидарност, шефот на СЗО ги повика африканските земји да поддржат воспоставување меѓународен договор или некој друг правен инструмент што ќе овозможи подобрување на меѓународната соработка како одговор на пандемија.
„Програмата КОВАКС испорача 40 милиони дози вакцини во африканските земји, што претставува мал дел од дозите потребни за заштита на населението кое се уште е изложено на ризик од сериозни заболувања и смрт поврзани со ковид-19“,
рече генералниот директор на СЗО за Африка, Мачидисо Моети, изразувајќи длабоко жалење за доцнењата и тешкотиите во почитувањето на договорот поради непредвидени настани за време на пандемијата.