Повеќе од половина – 289 631 се во Европа, околу 100 000 се нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 90 000 во Азија, нешто повеќе од 12 000 во Африка…
Речиси половина милион нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.
Од тоа, повеќе од половина – 289 631 се во Европа, околу 100 000 се нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 90 000 во Азија, нешто повеќе од 12 000 во Африка…
Претходно, на 24 октомври, беше забележано највисок дневен биланс на новоинфицирани во светот – 490 298. Околу 45,7 милиони луѓе се заразени со ковид-19 во светот.
Според податоците на СЗО објавени денеска, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 7 000. Речиси 1,2 милиони луѓе починаа од почетокот на пандемијата.
