Светска здравствена организација предупреди дека е потребно да се испита ефикасноста и нуспојавите од лековитите растенија, како сладкиот пелин (Aremisia annua), што се рекламира како потенцијален лек за Ковид-19.
Реакцијата на СЗО следува откако претседателот на Мадагаскар, Ендру Раџоелина промовира лек за новиот коронавирус на база на сладок пелин. Иако растителната мешавина се’ уште не е научно истражена, лидерите на некои африкански држави најавија дека ќе нарачаат одредено количество, а дел од нив веќе и ги добиле нарачките.
„Дури и ако таквата терапија произлегува од традиционалната или комплементарната медицина, критично е да се говори за нејзината ефикасност и безбедност без ригорозни клинички испитувања“,
се наведува во соопштението на регионалната канцеларија на СЗО за Супсахарска Африка.