Како причини се наведуваат ограничениот пристап до вакцините, пред се, за сиромашните земји, проблемите со довербата кај одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека и покрај вакцините против ковид-19, годинава нема да биде постигнат колективен имунитет.
„Нема да постигнеме никакво ниво на имунитет на населението или колективен имунитет во 2021 година“,
изјави главниот научник во СЗО, Соумја Сваминатан на денешниот брифинг.
Тој нагласи дека мора да продолжат мерките како што се физичко растојание, миење раце и носење маски за да се спречи понатамошно ширење на пандемијата.
Претходно и Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување и одговор на епидемиите, координирана од СЗО, оцени дека во 2021 година нема да биде постигнат колективен имунитет.
Здравствените експерти како причини за непостигнување на колективен имунитет ги наведуваат ограничениот пристап до вакцините, пред се, за сиромашните земји, проблемите со довербата кај одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот.
СЗО се надева дека во февруари ќе почне вакцинација во сиромашните земји преку програмата КОВАКС.