Банката соопшти дека продолжува да работи на уште еден пакет поддршка од три милијарди долари за земјата во наредните месеци, а воедно вети дополнителна помош за соседните земји кои примаат повеќе од 1,7 милиони бегалци, кои се главно жени, деца и стари лица
Светската банка одобри околу 720 милиони долари заеми и помош за поддршка на украинската Влада за исполнување на основните потреби на нејзините граѓани, додека земјата е погодена од воените дејствија од страна на Русија.
Во пакетот за поддршка кој вчера го одобри Извршниот одбор на Светската банка вчера, вклучува заем од 350 милиони американски долари зголемен за околу 139 милиони долари преку гаранции од Холандија и Шведска. Пакетот меѓу другото, се состои од грант во вредност од 134 милиони американски долари од Британија, Данска, Летонија, Литванија и Исланд, како и 100 милиони долари финансирање од Јапонија. Вкупно станува збор за 723 милиони долари.
„Групацијата на Светска банка презема брзи активности за поддршка на Украина и нејзиниот народ кој се соочува со насилство и екстремни услови предизвикани од руската инвазија“,
изјави претседателот на Банката, Дејвид Малпас.
Тој истакна оти „ова е прв од многуте чекори што ќе ги преземеме за да помогнеме во решавање на далекосежните последици што оваа криза ќе ги има за украинскиот народ и економијата“.
Банката соопшти дека продолжува да работи на уште еден пакет поддршка од три милијарди долари за земјата во наредните месеци, а воедно, вети дополнителна помош за соседните земји кои примаат повеќе од 1,7 милиони бегалци, кои се главно жени, деца и стари лица.