Вкупно 49 332 се вакцинираа против морбили. Минатата година успешно се справивме со епидемијата на мали сипаници.
Воведовме две нови вакцини – и против против стрептококус пнеумоние, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук по повод Светската недела на имунизација.

Од професионален аспект, министерот Филипче како лекар објаснува дека вакцинацијата против стрептококус пнеумоние ги заштитува децата од инфекции на увото, синусите, воспаление на белите дробови, но и тешки компликации како воспаление на мозочните обвивки (менингитис).

Вакцината против ротавируси, пак, ги заштитува децата од тешки дијареи предизвикани од овие причинители, придружени со многу висока температура, дехидратација и комликации.
„Секое дете има право да живее ослободено од болести што можат да се спречат од вакцинирање. Затоа зајакнувањето на имунизацијата останува една од нашите клучни активности“,
порачува министерот Филипче.
