„За справување со овие предизвици се предлагаат повеќе политики за намалување на пензискиот дефицит во услови на општество што се повеќе старее. Тие опфаќаат укинување на неодамна воведениот модел на индексирање според цените и платите или т.н. Швајцарски модел и враќање на претходното индексирање согласност индексот на цени на мало, постепено зголемување и изедначувањее на возраста на пензионерање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот“, се вели во Извештајот
Зголемување на стапката на ДДВ од сегашните 18 на 19 отсто и отсранување на повластената стапка за сите стоки, освен за основните производи, предлага Светската банка (СБ) во новиот извештај „Преглед на јавни финансии на Северна Македонија: Обеезбедување стабилност и зајакнување на отпорноста“.
Светската банка оценува и дека во државата има пензиски дефицит и без реформа, тој уште повеќе би се зголемил.
Во извештајот се вели дека во однос на одржливоста на пензискиот систем, целта на повеќестолбна реформа на овој систем воведена во 2005 година била подобрување на среднорочната и долгорочната фискална одржливост со одржување на паритетот на правата низ генерации, но дека оваа цеел е довеедена во ризик поради подоцнежните ад-хок промени на политиките.
„За справување со овие предизвици се предлагаат повеќе политики за намалување на пензискиот дефицит во услови на општество што се повеќе старее. Тие опфаќаат укинување на неодамна воведениот модел на индексирање според цените и платите или т.н. Швајцарски модел и враќање на претходното индексирање согласност индексот на цени на мало, постепено зголемување и изедначувањее на возраста на пензионерање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот“,
се вели во извештајот од Светска банка.
Комбиниран пакет што ќе ги интегрира сите три политики, според извештајот, би можел да донесе поизбалансирани исходи и да го спречи понатамошното зголемување на пензиските расходи и дефицити.
Пред почетокот на денешната презентација на Ивеештајот на Светската банка, преетседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев посочи дека е клучно оти постои свесност дека недостасуваат среедства во Пензискиот фонд и дека е потребно да се изнајде решение за санирање на дупките во Фондот за инвалидско и пензиско осигурување.
Според него, доколку не се најдее решение, Фондот на долг рок ќе мора да се финансира од буџеетот.
Неодамна, Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратеегија 2025-2029 година препорача од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензиско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти.
Од Фискалниот совет нагласуваат дека ваквите мерки се потребни за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период.