„Но, овој настан сè уште не оправдува дека војната се води без никакво ограничување. И не верувам дека убивањето уште повеќе цивили е во интерес на идната безбедност и мир овде во регионот“, посочи Лазарини

Блискиот исток е на „раб на бездна“ како резултат на војната меѓу Израел и Хамас, изјави високиот комесар при ОН за бегалци на Блискиот Исток, Филип Лазарини за Би-би-си.

Според него, насилството може да се прошири низ целиот регион.
Тој предупреди за лошата ситуација за цивилите во Газа и повторно повика на отворање коридори за хуманитарна помош на територијата.
„Светот сега ја губи својата човечност“,
рече Лазарини.
Во ексклузивното интервју за Би-би-си, тој ги повтори повиците за коридори за хуманитарна помош велејќи дека помошта треба да биде непрекината за да им се помогне на луѓето во Газа.
Го осуди нападот на Хамас врз Израел нарекувајќи го „ужасен и варварски масакр“ што создаде „национална траума, колективна траума во Израел“.
„Но, овој настан сè уште не оправдува дека војната се води без никакво ограничување. И не верувам дека убивањето уште повеќе цивили е во интерес на идната безбедност и мир овде во регионот“,
посочи Лазарини.
Според него, во ситуација кога е побарано повеќе од еден милион луѓе да бидат раселени, тоа е колективна казна, а колективната казна е кршење на меѓународното хуманитарно право.
„Ги повикуваме Израелците и сите релевантни во овој конфликт да го почитуваат меѓународното хуманитарно право. Нема исклучок за никого“,
заклучи тој.
