Имамоглу и уште најмалку 20 други лица се приведени како дел од истрагата за корупција
Kривичниот суд во Истанбул денеска формално го приведе градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како дел од истрагата во која е обвинет за корупција.

Судот соопшти дека Имамоглу и уште најмалку 20 други лица се приведени во рамките на истрагата.
Имамоглу, главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше уапсен пред неколку дена во својата резиденција во врска со корупција и тероризам. Тој ги отфрли сите обвиненеја.
Апсењето на градоначалникот на Истанбул во средата предизвика лавина демонстрации низ целата земја кои се сметаат за најмасовни во Турција во повеќе од една деценија.
Главното јавно обвинителство во Истанбул ги обвини Имамоглу и неколку општински службеници за формирање и водење криминална организација, поткуп, местење понуди и незаконско стекнување лични податоци. Тој, заедно со уште тројца високи функционери е обвинет и за помагање на терористичка организација.
Апсењето на Имамоглу нашироко се смета за политички потег за отстранување на главниот кандидат од следната претседателска трка, во моментов закажана за 2028 година. Владините претставници ги отфрлаат обвинувањата дека дејствијата против опозиционерите се политички мотивирани и инсистираат судството да работи независно.