Кривичниот суд го ослободи од одговорност Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан.
Тие беа обвинети дека бесправно изградиле три викенд куќи во Зелениково. Според СЈО кој овој случај го водеше под името „Тревник“, тие почнале да ги градат куќите во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.
Судијката Марија Клетничка пресуди дека тие не сториле кривично дело. Според неа, од суштествено значење за пресудата која ја донесла е фактот дека ниту една институција не реагирала, односно не утврдила дека објектите кои се градат се дивоградби. Таа објасни дека тие дури и биле впишани во Катастар, но тој акт никој не го оспорил.
СЈО има право првостепената одлука да ја обжали пред Апелациониот суд.