Притворот му е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, велат од Кривичниот суд
На поранешниот правобранител Фахми Стефа му е определен притвор во времетраење од триесет дена поради опасност од бегство и влијание на сведоци, велат од Основниот кривичен суд. Судот го прифатил предлогот на Обвинителството откако претходно денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа оти тој дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупно 50 000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел интервенција кај судија во Апелацискиот суд Скопје. Намерата била, како што велат, преку поткуп да се влијае врз извршување службено дејствие кое не смеело да биде преземено.
Истрагата утврдила дека Стафа првично побарал 100 000 евра за да обезбеди укинување на мерката притвор определена за лице кое е недостапно за органите на прогонот и против кое ОЈО ГОКК води посебна постапка за кривични дела поврзани со јавните финансии, платниот промет и стопанството.
Инаку, осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов-Ѓаволот, е лицето за кое поранешниот државен правобранител Фехми Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор, дознава „360 степени”. Стафа, кој е адвокат на Пецов во овој случај, пред неколку месеци поднел барање за замена на мерката притвор со куќен притвор во отсуство на Пецов, за што била понудена и гаранција. Инаку, Пецов е недостапен за органите на прогонот.
